Манчестер Сити вчера беше елиминиран од четвртфиналето во Лигата на шампионите од Реал Мадрид и така остана без шанса да го брани трофејот во ова натпреварување.
„Граѓаните“ ќе имаат за што да жалат бидејќи имаа повеќе од играта и упатија повеќе удари, но вакви големи натпревари ги решаваат детали и моменти. Сити не ги искористи своите шанси и беше казнет во пенал серијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во пенал серијата Сити ги немаше на располагање Ерлинг Халанд и Кевин Де Брујн кој претходно беа заменети.
По натпреварот Гвардиола откри дека двајцата сами побарале да бидат заменети.
„Не можеа да продолжат сами побараа да ги заменам. Додека беа на терен напрација многу. Не планирав да правам многу замени, но ме замолија“, објасни шпанскиот стратег.