Дома Актуелно Гвардиола: Ако не ја освоиме титулата ќе не уништат со критики

Гвардиола: Ако не ја освоиме титулата ќе не уништат со критики

Во недела од 16:00 часот Манчестер Сити му гостува на Брајтон во последното коло од Лигата на шампионите.

На „Граѓаните“ во тој натпревар им е потребен триумф за да станат шампиони на Англија и да ја одбранат титулата освоена минатата година.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако на половина од сезоната изгледаше дека Ливерпул е поблиску да ја освои титулата, Манчестер Сити успеа да ја сврти ситуацијата во своја корист. „Граѓаните“ направија една неверојатна серија и победија на 13 натпревари во низа и дојда на чекор од одбранаа на титулата. Последен пат Сити изгуби од Њукасл кон крајот на јануари.

„Ова е привилегија, во позиција сме да славиме бидејќи победивме на многу натпревари. Победивме на 13 натпревари во низа. Мораме да да победиме уште еден и тоа е се. Тимот е опуштен, добро тренираме, многу се смееме и фокусирани сме на теренот. Се може да се случи и една наша грешка или неверојатен пристап на пртовиникот, можеби судиска грешка, се може да ја одлучи титулата“, изјави Гвардиола, а потоа зборуваше за планот против Брајтон

„Искрено не знам. Ќе биде убаво ако први постигнеме гол, но го анализиравме Брајтон и занеме колку добро се бранат. Тотенхем ги победи со фантастичен гол во последната минута. Треба да се бидеме фокусирани на натпреварот кој мораме да го одиграме. Знам дека ако не ја освоиме титулата ќе не уништат со критики“, порача Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Вознемирувачко видео: 17-годишен фудбалер почина од срцев удар 🎥

Младиот алжирски фудбалер Васим Ел-Газар почина како последица од срцев удар за време на ф…