Милан не успеа да избори пласман во Лига на шампиони и наредната сезона ќе го гледаме во Лига Европа.
Росонерите до последното коло имаа шанса да дојдат до место кое води во ЛШ/ Во гости го совладаа СПАЛ со 3:2, но не му беа во прилог победите кои ги остварија Интер и Аталанта и на крајот овие два клуба се пласираа во ЛШ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Главната цел на Милан пред почетокот на сезоната беше конечно да се врати во ЛШ, но тимот кој го предводеше Џенаро Гатузо тоа не успеа да го оствари.
Гатузо оваа сезона беше под неверојатен притисок и очигледно тоа не може да го прифати. Италијанскиот стручњак утрово изјави дека го напушта Милан и верува дека таа одлука мораше да ја донесе.
„Одлуката да ја напуштам клупата на Милан не е лесна, но тоа е одлука која морав да ја донесам. Нема одреден момент поради кој ја донесов одлуката, но кога ги сумирам 18 месеци тогаш е време нешто да се менува“, изјави Гатузо.
Легендата на „росонерите“ имаше уште две години од договорот, но се откажува од парите (5,5 милиони евра) и е спремен спогодбено да го раскине договорот.
„Дали се откажувам од парите од договорот? Нормално, сторијата помеѓу мене и Милан никогаш не била поврзана со пари“, кратко истакна Гатузо.