Претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро, ќе поднесе оставка од функцијата по финансискиот скандал поради кој заврши зад решетки.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Со големо чудење дознавме дека мерката притвор против Масимо Фереро е спроведена денеска. Тоа беше барањето на државното обвинителство во врска со настани од пред многу години. За да ги заштити интересите на другите активности во кои работи, а особено за да избегне какви било шпекулации во врска со Сампдорија и светот на фудбалот, Фереро ќе си поднесе оставка“, соопшти Сампдорија.
Бизнисменот ја презема Сампдорија во 2014 година, но неодамна изјави дека бара инвеститори да го продаде клубот.