Дома Фудбал Во Реал нема крај на проблемите: Се повреди уште еден важен играч

Во Реал нема крај на проблемите: Се повреди уште еден важен играч

Во Мадрид во последно време како да навикнаа да добиваат само лоши вести, кога се повредите во прашање.

Се редат проблемите за Зинедин Зидан еден по еден…Вчера беше објавено дека Серхио Рамос ќе мора да биде поштеден поради повреда на листот, а денес списокот на повредени во Реал се зголеми за уште еден играч.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот стратег не ќе може да смета ниту на Марсело кој денес се здоби со повреда на вратот и постои голема можност да не биде во комбинација за натпреварот против Париз Сен Жермен.

Засега не е познато колку точно ќе отсуствува бразилскиот лев бек, меѓутоа нема сомневање дека овој проблем може лошо да влијае на тимот на Зидан кој не ја започна баш најдобро сезоната.

Реал Мадрид после четири одиграни кола нема пораз, но има две победи и две нерешени средби, па „кралевите“ во овој момент се наоѓаат на третата позиција со осум освоени бодови. Она од што може да бидат задоволни е што и Барселона не стартуваше онака како што се очекува. Каталонците имаат еден бод помалку од Реал. Лидер во првенството во овој момент е Севиља, а зад неа следи Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп разочаран им се извини и на навивачите

Ливерпул вчера неочекувано беше поразен во градското дерби против Евертон со 2:0 и така др…