Дома Фудбал Италија Во Милан не се ни свесни каков измамник ги водел цела година!

Во Милан не се ни свесни каков измамник ги водел цела година!

jonghong li

Eкипата на Милан повеќе од една година беше во сопственост на „бизнисменот“ Јонгхонг Ли.

Кинезот во април 2017 година го купи Милан за 750 милиони евра од долгогодишниот сопственик Силвио Берлускони, но неговото превземање на клубот од самиот почеток беше сомнително.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Тој пари позајми од инвестициониот фонд „Елиот“ кој стана сопственик на Милан откако Ли во текот на летото не беше во можност да им ги исплати долговите.

Сега Ли се најде во нови проблеми, одземен му е пасошот од кинеските власи поради огромните долгови и не може да ја напушти земјата.

Поранешниот сопствник на Милан тврдеше дека е сопственик на рударско царство, но американските новинари подоцна открија дека рудниците кои ги споменувал воопшто не се во негова сопственост и дека тој нема пари.

Како успеал да купи гигант каков што е Милан тешко е да се сфати затоа што големите изманинци, а без соменвање таков е Ли се чудесни во својата работа и тешко е да ги разоткриете.

Меѓутоа сега за Ли изгледа дојде крајот. Веројатно ќе остане без ништо, ако воопшто и нешто поседува, а поради разните измами може да заврши и во атвор.

Во Милано очигледно не се ни свесни каков изманик ги водел цела година и навистина ова е веројатно единствениот ваков случај во светот на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално: Ван Нистерлој е нов тренер на Лестер

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Руд ван Нисте…