На штотуку завршената Премиер лига што се одржа од 12-14 март 2021 година во Истанбул, Турција, македонскиот судија со светска лиценца Боби Војдиновски е избран од страна на WKF во финалната листа од 20 кандидати на светски судии, од кои 15 ќе судат на Олимписките игри во Токио.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Војдиновски е долгогодишен носител на WKF светската лиценца и има судено на најголемите натпревари како што се светски и европски првенства, европските игри и Премиер лиги и евентуалното учество на олимписките игри во Токио ќе биде круна на неговата кариера.
Ова е уште едно големо признсние на Карате федерацијата на Македонија, по освојувањето на бронзениот медал на Емил Павлов на Премиер лигата во Истанбул.