Во сенка на дебито на Леброн Џејмс пред домашната публика во Лејкерси во кое видовме и тепачка помеѓу Рајон Рондо и Крис Пол (тука), Никола Јокиќ го одигра натпреварот на кариерата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неверојатниот центар на Денвер во победата против Феникс Санс стигна до првиот трипл-дабл во сезоната, но на ретко виден начин. Јокиќ постигна 35 поени, додаде 12 скокови и запиша 11 асистиенции и не изгуби ниту една топка. Но, она што е уште полудо е што Јокиќ ги погоди сите 11 шутеви, вклучувајќи и три тројки, а единственото промашување на натпреварот му беше едно од 11-те слободни фрлања.
Ваквиот учинок Јокиќ го сместува во друштво на најдобрите кошаркари во историјата. Само Вит Чемберлејен и изминатата ноќ Никола Јокиќ запишале трипл-дабл со повеќе од 30 поени и без ниту еден промашен шут.
https://youtu.be/7wlLn2hwP6g