Дома Македонски спорт Видео: Македонци низ светот – Погодуваа Спировски, Дамчевски и Јаховиќ

Видео: Македонци низ светот – Погодуваа Спировски, Дамчевски и Јаховиќ

Викендот е зад нас време е за сумирање на резултатите и погодоците, со мал дел на исклучоци.

Овој викенд прецизицни од македонските кои настапуваат надвор од нашата држава беа Егзијан Алиоски, Александар Дамчески, Стефан Спировски и Адис Јаховиќ. Во продолжение прочитајте за учинокот на македонскиот интернационалци.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Eгзијан Алиоски oдигра беше заменет пред крајот на средбата во 94 минута во натпреварот на Лидс против Астон Вила

Стефан Спировски беше стрелец на првиот погодок за Френцварош кој славеше победа од 3:1 против тимот на Видеотон.

Италијански Палермо во кој настапуваат Александар Трајковски и Илија Несторовски одигра 0:0 против тимот на Венеција. Несторовски натпреварот го помина на клупата за резерви, додека Трајковски ги одигра сите 90 минути за клубот од Сицилија.

Aдис Јаховиќ повторно беше херој на Гозтепе, одигра 90 минути и го постигна единствениот гол на натпреварот со кој неговиот тим стигна до победа од 0:1 против Карабукспор.

Енис Барди одигра 51 минута и заработи жолт картон во натпреварот на Леванте против Малага кој заврши 0:0

Елиф Елмас поради повреда не беше во тимот на Фенербахче кој славеше победа на Кашимпаша со 4:2

Давид Бабунски одигра 77 минути во победата на Јокохама од 0:1 против Урава.

Стефан Ристовски натпреварот на Спортинг против Беленесес во кој неговиот тим славеше со 1:0 го помина на клупата за резерви.

Нијаз Лена кој е капитен на тимот на Теута одигра 90 минути во поразот (0:1) на својот тим и заработи жолт картон.

Гојко Зајков не настапи во ремито на Чарлерои против Остенде (1:1)

Joван Костовски не настапи во ремито на Леувен против Тубиз во белгиската втора лига.

Kрсте Велкоски одигра 90 минути во победата на Сараево од 3:0 против Борац Бања Лука

Во натпреварот од хрватската лига помеѓу Осијек и Славен Белупо, Мирко Ивановски за Белупо одигра 90 минути, додека на другата страна Ејупи не доби шанса. Натпреварот заврши со победа од 2:0 за Осијек.

Aрјан Адеми како капитен на Динамо Загреб одигра 90 минути во победата од 1:0 против Интер Запрешиќ.

Арменд Далипи не беше повикан во тимот на Цибала кој славеше над Локомотив Загреб од 3:1.

Леоанрд Жута одигра 90 минути во поразот на Ријека од Хајдук од 1:2.

Иван Тричковски и Даниел Мојсов не беа во тимот на АЕК кој славеше победа над Левадикос од 1:2.

Давор Здравковски не беше во тимот на АЕЛ Лимасол кој славеше победа над Арис Лимасол од 1:2.

Един Нурединовски и Влатко Добаров не беа во тимот на Арис Лиасол.

Mите Цикарски одигра 90 минути во поразот на Етникос од Алки 2:1, додека Мартин Богатинов не беше во составот.

Величе Шумуликовски одигра 90 минути за тимот на Словачко кој славеше победа од 2:1 над Јихлава.

Jaни Урдинов не беше во составот на Бохемијас во поразот од Карвина од 1:0.

Бојан Најденов одигра 90 минути во победата на Смоуга над Ал Мокавлон во египетското првенство од 0:3.

Виктор Ангелов беше во тимот на Ујпест во ремито на овој клуб од 2:2 Балмазувјорош, но не доби шанса.

Kире Ристевски не беше во тимот на Вас кој загуби со 3:1 од Пакси во унгарското првенство.

Дејан Трајковски беше на клупата на Твенте кој одигра 3:3 против Ајакс, додека Никола Ѓоргев не беше повикан за овој натпревар.

Денис Мухамедов одигра 90 минути, а Антонио Станков во игра влезе во 46 минута во тешкиот пораз на Дортхест  против НЕЦ ОД 6:0.

Александар Торовски беше повикан во тимот на Заглебие кој запиша победа од 4:2 против Ниециза но не доби шанса да настапи.

Емил Абаз не беше во тимот на Спарак Суботица кој загуби од 1:0 Мачва каде што настапува Бојан Ѓоргиевски, но и тој не беше повикан за овој натпревар.

Натпреварот на Борац каде што настапува Денис Хаџиџи беше одложен, како и натпреварот на Раднички каде што настапува Петар Крстиќ.

Филип Ивановски и Филип Ристовски одиграа 90 минути во поразот на Јавор од 0:3 против Воздовац. Алекса Амановиќ кој исто така настапува за Јавор натпреварот го проследи од клупата за резерви.

Даниел Аврамовски не беше во составот на Војводина кој одигра 1:1 на гостувањето против Партизан.

Tихомир Костадинов беше во составот на Ружемборк, но не доби шанса во натпреварот кој заврши 1:1 против Мичаловце.

Aгим Ибраим одигра 77 минути за Домжале, додека неговиот соиграч Зени Хусмани ги одигра сите 90 минути во победата на овој тим од 1:0 над Олимпија Љубљана.

Александар Дамчевски одигра 90 минути за тимот на Ермис против АПОЕЛ и беше стрелец на единствениот гол за својот тим во поразот од 2:1.

Дејан Стојановиќ беше во тимот на Сент Гален во поразот од 1:3 од Цирих, но натпреварот го помина на клупата за резерви.

Марјан Алтипармаковски не беше во тимот на Судува кој загуби од 1:0 во натпреварот против Тракаи.

Горан Пандев со својата Џенова вечерва го игра натпреварот од италијанската Серија А против тимот на Верона.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…