Првиот човек на Динамо Загреб, но и на хрватскиот фудбал воопшто, вчера попладне бил нападнат во Брач, каде бил заедно со своите пријатели.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хрватските медиуми пренесоа дека непознато лице го нападнало Мамиќ со боскови и го фрлило во море, а подоцна претседателот на Динамо го потврди тоа.
„Се беше нормално, а потоа одеднаш некој човек од зад грб ме удри со бокс во глава. Во еден момент загубив свест, но луѓето ме спасија и ме извлекоа од морето, за среќа“, изјави Мамиќ за храватските медиуми.
До инцидентот наводно дошло после краток вербален дуел, а пријателите на Мамиќ го фатиле напаѓачот и го предале на полицијата.