Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Додека сите ја гледаа кавгата на Мурињо со навивачите, на другата страна Марсијал направи одличен потег

ВИДЕО: Додека сите ја гледаа кавгата на Мурињо со навивачите, на другата страна Марсијал направи одличен потег

Манчестер Јунајтед вчера во гости ремизираше против Челзи (2:2) во дербито од деветтото коло во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените ѓаволи“ во второто полувреме на кријлата на Ентони Марсијал достигнаа пресврт и поведоа со 2:1, но „Сините“ во последните секунди од натпреварот дојдоја до реми со голот на Баркли. Натпреварот на крајот го обележи Жозе Мурињо кој се судри со еден од членовите на стучниот штаб на Челзи, поради што доби жестоки свирежи од трибините.

Додека многумина гледаа што се случува со Мурињо и навивачите на Челзи, на другиот крај од теренот, Марсијал направи одличен потег. Тој отиде до трибините каде што беа навивачите на Манчестер Јунајтед за да го даде дресот на еден од навивачите на овој клуб.

Францускиот напаѓач кој претходните месеци ја грееше клупата на Јунајтед доби големи овации, но покажа дека Мурињо може сериозно да смета на него во остатокот од сезоната.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Eден од хероите на БиХ може да заврши во Арсенал!

Одличните настапи минатата сезона во Салцбург, кои продолжија и на Светското првенство, го…