Артуро Видал постигна комплетен договор со Интер и се очекува во наредните денови да пристигне во Милано за да го комплетира трансферот.
Договорот ќе биде за период од две години со можност за продолжување на уште една. Платата што ќе ја добие Видал ќе биде во вредност од 6 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега останува фудбалерот да го раскине договорот со Барселона, бидејќи каталонскиот клуб му соопшти дека повеќе нема да смета на него.
„Скај Спорт“ пренесува дека Чилеанецот е блиску до договор со каталонскиот клуб и во следните денови ќе потпише за Интер како слободен играч.
33-годишниот играч и минатото лето беше голема желба на тренерот на „нероаѕурите“ Антонио Конте.