Легендарниот француски стратег Арсен Венгер после заминувањето од менаџерската позиција во Арсенал се посвети на други обврски.
Венгер имаше улога на аналитичар во преносите на Премиер лигата, а неодамна стана и шеф на ФИФА за развојот на фудбалот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Арсен сериозно ја прифати оваа улога и сега има неколку прилично контроверзни идеи за промена на фудбалот каков што го знаеме.
„Би сакал да се промени правилото за изведување на аут. На пет минути пред крајот на натпреварот уфрлување од аут би требало да биде предност. Во овој случај имаш 10 противнички играчи, а твојот тим девет. Статистиката покажува дека кај осум од десет уфрлувања од аут доаѓа до губење на поседот на топката. Сметам дека уфрлувањето со рака на својата половина би требало да се изведува со нога како слободен удар“.
Венгер сака и промена во правилото за офсајд.
„Во овој момент сте во офсајд ако сте понапред од дефанзивецот со било кој дел од телото. Јас тоа би го променил и би вовел правило според кое офсајд би бил ако сте понапред со дел од телото со кој може да постигнете гол“.
Се разговара и за уште некои промени.
„Размислуваме и за останатите измени. Топката која ќе излезе во корнер и ќе се врати во игра би можела да креира повеќе шанси за голови. Исто така, кратко додавање на самиот себе од слободен удар е опција“, објасни Венгер.
Интересни предлози кои сигурно дека доколку би се вовеле многу би го промениле фудбалот.