Поранешниот француски прволигаш од наредната сезона ќе игра во третиот ранг на францускиот фудбал.
Клубот кој го водеше Арсен Венгер поминува низ најтешките денови од неговото постоење. Тренерската кариера Венгер ја започна во Нанси и овој клуб го водеше од 1984 до 1987 година, а од таму премина во Монако, па преку Јапонија стигна до Лондон каде што 22 години го водеше Арсенал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нанси на Венгер му остана во убаво сеќавање, тоа беше клубот кој прв му даде шанса да стане тренер, но сега овој тим дојде до статус на третолигаш. Официјално не, но за некој ден ќе се прости од второлигашкото друштво.
Во 33 натпревари во Лига 2 Нанси освои само 23 бода и навивачите на овој тим од поодамна се помирија со судбината. Нанси е во сопственост на „NewCity Capital“ кој ги поседува Барнсли, Тун, Остеден, Есбјерг, Ден Бош и Кајзерслаутен. Сопственик е американскиот бизнисмен Чиен Ли и во овој период поголем дел од споменатите клубови се соочуваат со криза и испаѓање во пониски рангови.