Претходно во текот на денешниот ден, навивачката група на Вардар, „Комити“ изразија револт за промената на терминот на натпреварот со Кожув.
Вардар против Кожув ќе игра во неевобичаен термин утре (петок) од 13:00 часот. Од клубот објасниле на што се должи таквиот термин.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„ФК Вардар ги известува своите навивачи и приврзаници дека терминот за натпреварот во рамките на 15-тото коло од ВМФЛ против екипата на Кожуф (утре, петок 9 декември од 13 часот на стадионот Борис Трајковски во населба Маџари во Скопје) се должи на тоа што НЕ НАИДОВМЕ на одобрение за користење на терените во Скопје за време на викендот (Градски стадион, стадион на Македонија ЃП во населбата Ѓорче Петров, стадионот Железарница во населба Автокоманда, комплекс ФФМ и стадионот Борис Трајковски во населба Маџари, Скопје)
Од таа причина единствени термини кои ни беа на располагање беа петок и вторник, одлучувајќи се за утрешниот.
Уште еднаш ги повикуваме сите навивачи на нашиот клуб утре да ја дадат неопходната поддршка кон уште една победа и чекор поблиску до остварувањето на нашите цели“, стои во соопштението објавено на социјалните мрежи.