Вардар продолжува да се засилува, а нов играч на „црвено-црните“ е 26 – годишниот словенечки интернационалец Лука Шушњара.
Шушњара доаѓа од екипата на Валета од Малта, а игра на позицијата лево крило.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во досегашната кариера има настапувано за Домжале, Цеље, Мура, Копер, Табор Сежанa, Ролтек Доб (Словенија) Шамбли (Франција) Висла (Полска), Шибеник (Хрватска), Валета (Малта), како и за младиот тим на Аталанта.
Со доаѓањето на новиот тренер Вардар значително се засили оваа зима, а целта е секако да се избори опстанок во елитата.