Како дел од стратегијата за развој на младинските категории Вардар постигна договор за соработка со фудбалскиот клуб Локомотива од Скопје.
Со овој договор ФК Вардар ги презема терените на ФК Локомотива кои што ќе се користат за тренинг на младинските категории на нашиот клуб, а клубот од Карпош ќе продолжи да функционира како клуб за развој со поддршка од ФК Вардар каде што ќе добиваат шанса за настап помладите играчи на нашиот клуб.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Преку оваа соработка ФК Вардар вложува во програма за континуиран фокус на техничкиот, тактичкиот и физичкиот развој на младите фудбалери во младинските школи со надеж дека во иднина ќе се создадат и развијат фудбалери кои што ќе бидат спремни за настап во првиот тим.