Дома Македонски спорт Вака се користи дадена шанса: Дарко Георгиевски може да биде вистинско освежување во репрезентацијата ?

Вака се користи дадена шанса: Дарко Георгиевски може да биде вистинско освежување во репрезентацијата ?

Maкедонија вчера ја победи Финска на стартот од квалификациите за Европското првенство со 33:24.

Македонската репрезентација одигра еден добар натпревар и лесно се справија со Финците кои не беа претежок противник. Во победата се истакнаа стандардните Лазаров (11 гола), Пешевски и Кузмановски, но внимание привлече и „новајлијата“ во националниот тим Дарко Георгиевски.

Георгиевски доби шанса од Брестовац и неговите „пет минути“ максимално ги искористи. Георгиевски за петнаесетина минути колку што одигра постигна три гола од три обиди. Веруваме дека и во наредните натпревари ќе биде вистинско освежување во нашата селекција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…