Дома Трансфер зона Важеше за „чудо од дете“ на Барселона, а сега се сели во Реал Мадрид

Важеше за „чудо од дете“ на Барселона, а сега се сели во Реал Мадрид

Еден од учениците на популарната академија „Ла Масија“, Икер Браво ќе ја помине оваа сезона во Реал Мадрид, откако го напушти Баер Леверкузен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Браво не успеа да се договори со Барселона за нов договор во 2021 година, по што си замина во Германија, но сега се враќа во Шпанија, и тоа во големиот ривал на Каталонците.

Шпанскиот репрезентативец до 19 години ќе ги помине следните 12 месеци на позајмица во клубот од Мадрид, соопшти германскиот гигант.

„Од најдобриот талент во Ла Масија до Мадрид за само 12 месеци. Интересно ќе биде да видиме колку далеку ќе стигне во Шпанија“, вели новинарот Том Мејстон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…