После шест освоени титули со Јувентус и стекнување на легендарен статус, Леонардо Бонучи се одлучи на храбар чекор и трансфер во Милан.
Бонучи открива дека на почетокот во новиот клуб му било многу тешко, па почнал да ја преиспитува одлуката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Да бидам искрен, на почетокот имав многу потешкотии и почнав да се прашувам што ми требаше вакво нешто. Моити игри не беа на нивото на вистинскиот Бонучи и постоеше ризик за три месеци да го фрлам во вода сето она што го градев со години. Меѓутоа, ги надмиван потешкотиире и сега повторно сум оној вистинскиот и имам голема самодоверба“, објаснува Бонучи.
„Гатузо има харизма и одлучност која ни беше потребна. Тој го промени менталитетот и сега сме вистински тим. Цело време верувам во овој проект, а во Гатузо верував уште од самиот старт. Иако е млад тренер одлучно ги спрема натпреварите, а најмногу ми се допаѓа што гладот за победи го пренесе на цел тим“, заклучи италијанскиот дефанзивец.