Македонскиот фудбалер Даниел Аврамовски неодамна го напушти тимот на Сараево, а од денес има нов клуб.
Денес Аврамовски и официјално е претставен како ново засилување за турскиот второлигаш Болуспор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ова за Аврамовски ќе биде кам-бек во турскиот фудбал, откако претходно беше член на Кајзериспор, од каде што и дојде во Сараево.
Аврамовски потпиша договор на 1,5 година со Болуспор, кој ќе се бори за влез меѓу седумте најдобри на табелата кои низ плеј-оф ќе се борат за пласман во турската Суперлига.