Репрезентативците Иван Тричковски и Кире Ристевски поради повреда нема да бидат во комбинација за настап на натпреварот во Тбилиси против Грузија.
Напаѓачот Иван Тричковски има поголем хематом на левата надколеница, додека дефанзивецот Кире Ристевски има истегнување и хематом на адукторот на десниот бут поради што нема да биде во можност за настап на натпреварот и нема да патува со екипата за Грузија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Натпреварот меѓу Грузија и Македонија од 2. коло во групата Ц од Лига на нации се игра на 8. септември во Тбилиси.