Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу ги негираше информациите дека клубот работи за враќање на Нејмар на „Камп Ноу“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Бартомеу тврди дека воопшто не разговарал за таква опција ниту со Нејмар, ниту со неговите агенти.
„Никогаш не сум разговарал со никој од францускиот клуб, ниту играчот или неговиот агент. Не е вистина дека ми се јавиле за да се врати во Барса. Веќе ја планираме следната сезона и Нејмар не влегува во нашите планови. Зборуваме за играч на ПСЖ и не мислам дека тие сакаат да го пуштат“, јасен беше Бартомеу.
https://youtu.be/UzAT1yxrmfg