Според фудбалскиот сајт „whocored“ Енис Барди е избран во идеалниот тим на мундијалските квалификации.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барди најдобриот натпревар во квалификациите го одигра во Ереван кога како капитен ја предводеше Македонија до победа од 0:5 со првиот хет-трик во репрезентативниот дрес. Исто така во големата победа против Германија забележа клучна асистенција.




Во тимот има големи имиња како Левандовски и Кејн во нападот, Тадиќ и Депај во средина, Мегваер и Ван Дајк во одбраната…Интересно е што на голот е чуварот на мрежата на Лихтенштајн Бенџамин Бухел.
Вкупната оценка на Барди за настапите во квалификациите е 7.82.

Фото: ФФМ