Дома Трансфер зона Баерн не се откажува од Влаховиќ и му нуди трампа на Јувентус!

Баерн не се откажува од Влаховиќ и му нуди трампа на Јувентус!

Баерн Минхен со неверојатен сплет на околности успеа да ја освои 11-тата титула во низа во Бундеслигата, меѓутоа сите во клубот се свесни дека потребни се промени, посебно во нападот.

Барем според информациите на медиумите голема желба на баварците е Душан Влаховиќ. Се споменуваше сума од 80 милиони евра, меѓутоа во Баерн добиле нова идеја.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новинарот на германскиот „Скај“, Флоријан Плетенберг најавува дека Баерн би можел да го понуди Мане за да го добие српскиот напаѓач.

„Душан Влаховиќ повторно е тема во Минхен. Тухел е луд по српскиот напаѓал, а Карл Хајнц Румениге одржава добри односи со Јувентус“; тврди Плетенберг.

Засега не е познато дали во Јувентус се заинтересирани за ваква трампа, пред се затоа што Мане е осум години постар од Влаховиќ, но и не е класичен напаѓач. Африканецот игра по десната страна која во Јувентус ја покрива Киеза.

Сепак се споменува и дека Алегри често игра со двајца напаѓачи, а во таква улога Мане би можел да биде корисен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал може да добие бесплатно засилување од Реал Мадрид

Ферланд Менди е фудбалер кој во Реал Мадрид пристигна од Лион во 2019 година и е прв избор…