Дома Трансфер зона Баерн Минхен ја сака ѕвездата на Наполи

Баерн Минхен ја сака ѕвездата на Наполи

Италијанските медиуми пренесуваат дека Баерн Минхен е силно заинтересиран за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Приоритет на Баварците ова лето ќе биде доведување на врвен напаѓач,  а прва желба е токму Осимен.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Баварците веќе стапиле во контакт со агентот на напаѓачот, кој е отворен за преселба во Баерн.

Левандовски изрази желба да го напушти клубот, а во Баерн веруваат дека Нигериецот ќе биде идеална замена и одлично ќе се вклопи во тимот.

Сепак, Наполи нема лесно да се откаже од него и за слободата на Осимен бара 100 милиони евра, а покрај Баерн интерес за него покажува и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…