Фудбалерите на Атлетико Мадрид и после третото коло не успеаа да стигнат до победа во Лигата на шампиони, откако одиграа 0:0 на гостувањето кај Карабаг.
Тимот на Диего Симеоне беше голем фавоит на овој меч, но сепак не успеа да постигне гол и да ги освои трите бода.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најзрелата шаса „јорганџиите“ ја имаа во 39-та минута кога Гризман излезе сам пред голот, но не успеа да го совлада голманот Шехиќ.
Последните 15 минути Атлетико играше со играч повеќе откако Ндлову заработи црвен картон, но Карабаг успеа да се одбрани и да стигне до голем бод.