Атлетико Мадрид го договори трансферот на еден од најголемите белгиски таленти и член на Антверпен, Артур Вермерен.
Се очекува трансферот да биде комплетиран во следните 24 часа, а Атлетико за Вермерен ќе плати 22 милиони евра, потврди новинарот Фабрицио Романо,.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
18-годишниот Вермерен го сврте вниманието кон себе со одличните настапи во Антверпен во Лигата на шампионите, а во меѓувреме имаше интерес и од Барселона и Манчестер Јунајтед за неговиот потпис.
Атлетико успеа да ја победи конкуренцијата и да го обезбеди потписот на играч кој треба да биде носител на играта во следните години.