Италијанскиот стратег, Карло Анчелоти од неодамна е без работа.
Овој 58-годишен тренер поради лошиот старт на сезоната доби отказ во Баерн Минхен, а веќе Анчелоти се споменува како потенцијален тренер на многу тимови. Наводно, Италијанецот добил примамлива понуда од Кина за која сериозно размислува, но Анчелоти би можел да направи пауза од неколку месеци и потоа повторно да седне на клупата на Челзи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англиските медиуми тврдат дека Конте речиси сигурно ќе го напушти Челзи. Се претпоставува дека тоа ќе биде на крајот на сезоната, а на клупата на „Сините“ би требало да го замени Анчелоти. Тој неодамна присуствуваше на натпреварот во ЛШ во Лондон, каде што играа Челзи и Рома и тоа дополнително ги засили шпекулациите за неговото превземање на кормилото на тимот од „Стемфорд Бриџ“.
Ако тоа се случи, Анчелоти би имал втор мандат на клупата на Челзи. Го водеше Челзи во периодот од 2009. до 2011. година и во тој период ги освои сите симпатии на навивачите кои се уште жалат за неговото заминување. Со лондонскиот клуб освои Премиер Лига, ФА Куп и Комјунити Шилд и веројатно Анчелоти би бил идеален избор за нов тренер на англискиот шампион.
Преговорите наводно се започнати и италијанскиот стратег очигледно не беше во Лондон без причина.