Дома Фудбал Англија Англичаните се прашуваат – што се случува со Салах?

Англичаните се прашуваат – што се случува со Салах?

Ливерпул оваа сезона игра одлично во Премиер лигата, по осум одиграни кола го дели првото место со Манчестер Сити, додека во Лигата на Шампионите освоија три бода од два натпревари.

Сепак, она што може да го загрижи Јирген Клоп оваа сезона е оној кој најмалку го загрижуваше минатата сезона – Мохамед Салах.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Египќанецот на одличен начин стави крај на минатата сезона и со своите игри во дресот на „Црвените“ се етабилираше како еден од најдобрите фудбалери во светот. Сепак, оваа сезона работите не одат сосема солидно.

На осум настапи во Премиер лигата постигна три гола и запиша две асистенции, но проблем е тоа што во настапите против најсилните ривали Тотенхем, Челзи и вчера Сити остана без посебен ефект.

Во Лигата на Шампионите работата е иста, не постигна ниту гол, ниту запиша асистенција против ПСЖ и Наполи. Вистинското прашање е дали Салах може да ги повтори оние игри од сезона во сезона или тоа беше само флеш.

Во негова одбрана може да се каже дека на крајот од минатата сезона заработи повреда, а настапи и на Мундијалот во Русија, но во фудбалот, како и во животот, се тече. Клоп сигурно ќе се запраша како да го реши овој проблем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Романија пресилна за Украина, спектакуларен гол на Станчу🎥

Во првиот натпревар од групата Е Романија ја декласира Украина со резултат 3:0. Во 29.мину…