Дома Фудбал Италија Алегри за седмата „Златна топка“ на Меси: Не знам на што ја базираа нивната одлука

Алегри за седмата „Златна топка“ на Меси: Не знам на што ја базираа нивната одлука

Tренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри е еден од оние кои ја коментираа завршницата и доделувањето на „Златната топка“ од страна на „Франс Фудбал“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Лионел Меси во Париз стигна до својата седма „Златна топка“, а тој избор предизвика силни реакции. Голем дел од јавноста смета дека наградата требаше да заврши во рацете на напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски.

На италијанскиот стратег не му е јасно на што се базира доделувањето на оваа награда.

„Меси ја доби „Златната топка“. Можеме да кажеме дека технички тој е најдобриот фудбалер, но јас не знам на што ја базираат нивната одлука“, кратко прокоментира Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Зошто Барселона во 2003 година почна натпревар во 00:05? Каталонците искористија „дупка“ во законот…(Видео)

Барселона и Севиља во 2003 година одиграа натпревар кој започна во неверојатни 00:05 часот…