Јувентус до вчерашниот натпревар беше во одлична форма, но на „Олимпико“ Рома славеше победа од 1:0.
Не изгледаше Јувентус лошо на теренот, погодија фудбалерите на „старата дама“ и три стативи, меѓутоа на крајот како одлучувачки се покажа голот на дефанзивецот Манчини.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој фудбалер беше во центарот на вниманието и кога во 89-тата минута Моис Кин кој влезе неполна минута претходно доби директен црвен картон. По еден дуел Кин ги загуби нервите и го шутна Манчини.
На прес-конференцијата по натпреварот за оваа ситуација зборуваше и тренерот Алегри.
„Очигледно е дека погреши, направи грешка и се извини, но секако не смеат да ни се случуваат вакви работи. Секогаш кога ќе влезете на теренот, без разлика која минута е можете да влијаете на резултатот. Можеби беше нервозен затоа што не игра многу“.
Алегри и очекувал да биде тешко против Рома.
„Рома немаше примено гол на пет натпревари во низа, а постигнаа гол преку Манчини од далечина и тоа беше тоа. Ние погрешивме во неколку клучни ситуации“, изјави Алегри.