Дома Фудбал Италија Алегри ги избра фаворитите во Лигата на шампиони

Алегри ги избра фаворитите во Лигата на шампиони

Tренерот на Јувентус Масимилијано Алегри денес зборуваше на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар против Малме.

Јувентус ја обезбеди нокаут фазата, но останува да се види од која позиција ќе оди во нокаут фазата. Во последниот натпревар ќе игра против шведскиот тим за кој настапува, Ердал Ракип.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Важно е да имаме добар пристап на натпреварот и да победиме. Мораме да продолжиме да победуваме, одиме чекор по чекор. Сега сме малку повеќе организирани на теренот, но не е сигурно дека ќе ја користиме истата формација од претходните неколку натпревари“.

Алегри потврди дека Матија Перин ќе бнрани и дека, Ругани, Сандро и Рабио ќе бидат стартери, минутажа би требало да добие и Де Шиљо. Паоло Дибала и Ленардо Бонучи исто така се најавени во составот.

„Победата е важна, кога победувате имате добра атмосфера и работите со поголема смирност. Мислам дека фаворити во ова издание се: Ливерпул, Баерн, Манчестер Сити, Реал и ПСЖ“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…