Дома Фудбал Репрезентации Алвес за Тите: Во една работа е најдобар во светот, ниту Гвардиола не може да му се доближи

Алвес за Тите: Во една работа е најдобар во светот, ниту Гвардиола не може да му се доближи

Дани Алвес иако е во поодминати години сепак и понатаму прикажува неверојатна форма, а недомна стигна до својот 40-ти трофеј вкупно во кариерата.

Алвес со Бразил ја освои Копа Америка, а сега имаше пофалби за селекторот на „Кариоките“, Тите. За Алвес Тите во една работа е најдобриот тренер во светот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Кога во прашање е менаџментот и однесувањето кон играчите, дури ниту Гвардиола не може да му се приближи. Тите во тој поглед е најдобар тренер во светот“.

„Меѓутоа поради бразилскиот менталитет кој секогаш бара резултати неговиот квалитет не може да дојде до израз. Тоа е невистина штета. Него сакаа да го сменат веднаш после СП затоа што не го освоивме, а една година подоцна тој ист човек не одведе до титула на Копа Америка. Затоа треба да земеме пример од Шпанците и Германците кои на своите селектори им даваат време да работат. Тите заслужува да му биде дадено“, изјави Алвес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Арсенал ита кон титулата, но и големо засилување од Баерн: „Близу е!“

Лондонскиот клуб оваа сезона по долго време може да се искачи на тронот на Премиер лигата.…