Дома Фудбал Италија „Ако Марадона дојдеше во Јувентус место во Наполи денес ќе беше жив“

„Ако Марадона дојдеше во Јувентус место во Наполи денес ќе беше жив“

Поранешниот играч на Јувентус, Антонио Кабрини предизвика многу реакции со својата изјава после смртта на Диего Марадона.

Легендарниот Марадона почина во средата на 61 годишна возраст, а оваа вест и тоа како го потресе фудбалскиот свет. Од него се простија многумина преку друштвените мрежи. Меѓутоа имаше и такви кои предизвикаа многу контроверзии со своите изјави.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од нив е Кабрини кој своевремено играше за Јувентус. Кабрини изјави дека денес Марадона би бил жив ако во тоа време место во Наполи дошол во Јувентус.

„Сигурен сум дека ако Марадона дојдеше во Јувентус место во Наполи денес ќе беше жив. Тој беше навистина неверојатен фудбалер и џентлмен како противник. Баш како и сите шампиони можеше да го пружи најдоброто, но и најлошото од себе во ист момент. Да беше во Јувентус денес ќе беше жив затоа што опкружувањето ќе го спасеше. Знам што од него направи Неапол, едноставно беше прашање на време кога се ќе треба да се плати“, изјави Кабрини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…