Aгентот на Елиф Елмас, Џорџ Гарди, во интервју за италијански медиум вели дека сега не е време за продолжување на договорот со Наполи.
Елмас игра одлично оваа сезона и агентот тврди дека проценката од 70 милиони евра е реална.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ова е само почеток. Елиф има огромен потенцијал. Го процениле помеѓу 70 и 80 милиони евра? Според мене, толку вреди, нема многу играчи во Европа на негова возраст кои одиграле 100 меча за Наполи и 65 за репрезентација“, изјави Гарди.
„ Претходно тој влегуваше во финишот, играше само по 10-15 минути, а тоа не е лесно. Сега работите се менуваат, неговата самодоверба расте. Почна да дава клучни голови, ја подобри конкретноста пред противничките голови. Тој е модерен играч кој покрива голем дел од теренот. Не се водат разговори,Елиф има долг договор и нема размислување за продолжување на соработката“, додаде агентот.