Дома Трансфер зона Џеко ја напушта Рома, познат неговиот следен клуб

Џеко ја напушта Рома, познат неговиот следен клуб

0

Един Џеко во 2015 година пристигна во Рома од Манчестер Сити и стана незаменлив дел од тимот на „волчицата“.

Босанскиот репрезентативец до сега има постигнато 83 гола за Рома и високо се котира на листата на најдобри стрелци на клубот на сите времиња.

Меѓутоа, италијанските медиуми тврдат дека Џеко ја игра последната сезона на „Олимпико“ и дека на лето ќе се врати во Премиер лигата.

Наводно Вест Хем веќе подолго време го следи Џеко и е спремен да понуди 15 милиони евра. Договорот на напаѓачот со Рома истекува во 2020 година, па ова ќе биде одлична можност за „волчицата“ да заработи на неговиот трансфер.

Џеко има одлични односи со Мануел Пелегрини и сака да се врати во Премиер лигата, а неговото семејство исто така преферира да живее во Лондон.

Интерес за 33-годишниот напаѓач покажува и Интер, кој на лето готово сигурно ќе остане без Икарди, но Босанецот е многу поблиску да се врати во Премиер лигата.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кинески клуб му буди „богатство“ на Ел Шарави

Италијанските медиуми пренесуваат дека кинескиот клуб Шангај Шенхуа е силно зиантересиран …