Дома Фудбал Италија Џабе учи англиски? Алегри останува во Италија

Џабе учи англиски? Алегри останува во Италија

Масимилиано Алегри е без ангажман откако минатото лето го напушти кормилото на Јувентус, а за него интерес покажуваат многу европски гиганти.

Последно Алегри се поврзуваше со клупата на Манчестер Јунајтед, но последните информации од Островот се дека „црвените ѓаволи“ го избрале Покетино.

Алегри интензивно учи англиски јазик и не сака да прифати ниту една понуда на средина од сезоната, но потврди дека на лето сигурно ќе се врати на кормилото на некој клуб.

Неговиот менаџер за италијанските медиуми се пошегува дека Алегри џабе учи англиски бидејќи најверојатно ќе остане во Италија.

Имено, неговиот поранешен клуб Милан сака да се врати на старите славни патеки, па на Алегри му нуди да биде предводник на новиот проект. Сопствениците се спремни да му понудат висока плата и голем буџет за трансфери.

Другата опција за Алегри е неверојатно враќање на „старата дама“. Имено, ако Јувентус не освои ниту еден трофеј оваа сезона, ќе го избрка Сари и ќе ја признае грешката со тоа што ќе го врати Алегри.

Сепак, „Калчомеркато“ тврди дека Милан е најрелана опција за неговата иднина, бидејќи Алегри и неговото семејство живеат во Милано.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неверојатна грешка на Ноер за која долго ќе се зборува (видео)

Баерн Минхен го пречекува „фенерџијата“ Падерборн и на полувремето резултатот е 1:1. Домаќ…