Дома Македонски спорт Мак фудбал Ќе си го исполни ли „газда“ Сергеј ветеното или ќе го остави Вардар да тоне!?

Ќе си го исполни ли „газда“ Сергеј ветеното или ќе го остави Вардар да тоне!?


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Македонскиот фудбалски бренд Вардар минува низ еден тежок период, клубот е заглавен со долговите и иднината е неизвесна.

Егзодус сличен на летниот ќе се случи многу веројатно и во овој преоден рок само што сега прашање е дали клубот ќе најде играчи за да го продолжи првенството во вториот дел од сезоната. Бразилецот Чарлстон кој дојде пред почетокот на сезоната е првиот кој си заминува тој ќе премине во Македонија Ѓорче Петров, но тоа е само почеток… Тренерот Александар Васоски кој долго време повикуваше и апелираше да се реагира и да се помогне на Вардар го напушти кормилото што е и разбирливо. И при заминувањето популарниот „Тетовче“ одново испрати апел дека ситуацијата е сериозна и лоша.

Се огласија и „Комитите“ со соопштение, се појави петиција…Клубот засега молчи.

Кој е виновен за ова што му се случува на Вардар?

Град Скопје не сака да го превземе клубот со долговите кои ги остави Сергеј Самсоненко. Самсоненко го зема клубот со „чиста“ сметка и таков треба да го врати, имаше и тука ветувања дека ќе ги подмири долговите, тоа не се случува…

Токму тие дологови се најголемиот проблем, тешко се наоѓа инвеститор кој ќе сака да го превземе клубот со милионски долгови кој ќе треба да ги отплати, многу полесно би било ако газда Сергеј не си заминеше и оставеше долгови зад себе.

И Васоски додека беше тренер во едно интервју порача дека кога клубот би имал „чиста“ сметка работата би била далеку полесна.

Па очигледно е кој го прави проблемот. Од некоја причина Самсоненко не сака да ги подмири долговите, а тоа може да биде пресудно за крај на најтрофејниот македонски фудбалски клуб. Тоа нешто кое не сакаме да да го спомнуваме, меѓутоа во ваква ситуација за жал може да стане реалност.

Замислете го само македонскиот фудбал без Вардар…Лошо, многу лошо!

Пишува: Стефан Даскалов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Капитенот Ристовски стрелец за Динамо Загреб 🎥

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Капитенот на репрезентацијата на Македонија,…