Дома Фудбал Италија Ќе реагира ли Јувентус? Роналдо си заминал од стадионот пред да заврши натпреварот!

Ќе реагира ли Јувентус? Роналдо си заминал од стадионот пред да заврши натпреварот!

0

Вечерва Јувентус го победи Милан со 1:0 во италијанското дерби, меѓутоа она што најмногу привлече внимание е потегот на Маурицио Сари во 54-тата минута.

Сари во 54-тата минута се одлучи на еден изненадувачки потег – го замени Роналдо. На местото на Португалецот Сари во игра го стави Паоло Дибала кој подоцна и го реши натпреварот.

Роналдо веројатно и самиот не памети кога последен пат бил заменет во таа фаза (без самиот да побара). Измената секако не му се допадна, а тоа го покажа и пред камерите.

Португалецот не отиде на клупата за резерви туку се упати право во соблекувалната што секако е против правилата на клубот. Италијанските медиуми објавија дека Роналдо не само што порано отишол во соблекувалната, туку и го напуштил стадионот уште натпреварот пред да заврши.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На денешен ден Ибрахимовиќ го постигна најдобриот гол во кариерата (ВИДЕО)

На денешен ден пред седум години Златан Ибрахимовиќ го постигна најдобриот гол во неговата…