Дома Фудбал Селектор доби отказ по првиот натпревар на Светското првенство!

Селектор доби отказ по првиот натпревар на Светското првенство!

Сабри Ламуши доби отказ од позицијата селектор на Тунис во текот на Светското првенство.

Изненадувачка вест доаѓа од Светското првенство во Соединетите Американски Држави. По поразот од Шведска во првото коло на Мундијалот, Тунискиот фудбалски сојуз одлучил да го разреши од должноста Ламуши.

Според информации од Тунис, Фудбалскиот сојуз на оваа земја одржал состанок во текот на ноќта на кој брзо донел одлука за негова смена.

Неговата функција до крајот на натпреварувањето во Мундијалот треба да ја преземе асистентот Вахби Хазри, додека, по завршувањето на Светското првенство, како нов селектор се споменува Мондер Кебаер.

Медиумите во Тунис ја опишуваат оваа одлука како претходник и знак на очајничкиот потег на сојузот, кој се соочува со огромен притисок од јавноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо тргна соиграч од живиот ѕид, па неговиот тим прими гол поради тоа (Видео)

И покрај тоа што Ал-Наср се соочи со Абха во првенството на Саудиска Арабија и победи со 2…