Дома Фудбал Дали Трамп повторно ќе го прекрши долгогодишното правило на ФИФА?

Дали Трамп повторно ќе го прекрши долгогодишното правило на ФИФА?

Претседателот на САД, Доналд Трамп, планира да го наруши долгогодишното правило на ФИФА по завршувањето на финалето на Светското првенство, известува talkSPORT.

Според информациите, Трамп, со согласност од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ќе го предаде победничкиот пехар на сцена на тимот што ќе го освои златото.

Инаку, вообичаено е капитенот на победничкиот тим да го донесе пехарот на сцената и да го подигне заедно со останатите играчи од екипата.

Трамп го направи истото на Клупското светско првенство, кога остана со екипата на Челси на сцената додека тие го славеа првото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потрагата по Торцида продолжува: Полицијата објави уште четири фотографии

По нацистичките извици во Сплит, полицијата бара помош од граѓаните за идентификација на у…