Дома Фудбал Англија Њукасл потврди: Рафа Бенитез заминува од клубот

Њукасл потврди: Рафа Бенитез заминува од клубот

Њукасл потврди дека Рафа Бенитез ќе го напушти клубот откако неговиот договор ќе заврши на крајот од оваа недела.

Рафа Бенитез помина три ипол години на Сент Џејмс Парк и му помогна да се врати во Премиер лигата, а минатата сезона заврши како 13. пласирана екипа во лигата.

Во соопштението Њукасл наведува дека со разочарување ја објавуваат веста дека Бенитез го напушта клубот на крајот од оваа недела, односно по истекот на неговиот договор на 30 јуни 2019. година.

Медиумите од Островот пренесуваат дека Рафа заминува од Европа и неговата следна дестинација е Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најбогатиот фудбалер во светот е слободен агент и си бара нов клуб

Фаик Болкија, сметан за најбогатиот фудбалер во светот поради огромното богатство на негов…