Дома Трансфер зона Јувентус состави список од четири ѕвезди за наследник на Дубала

Јувентус состави список од четири ѕвезди за наследник на Дубала

Пауло Дибала сигурно го напушта Јувентус на крајот на сезоната, па „бјанконерите“ веќе почнаа да бараат негова замена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус составил список од четири ѕвезди и една од нив сигурно ќе пристигне во Торино на лето.

Станува збор за Николо Заниоло од Рома, Распадори и Берарди од Сасуоло и Мохамед Салах од Ливерпул.

Алегри сака следната сезона да игра во формација 4-3-3, а во врвот на нападот ќе биде Душан Влаховиќ. „Бјанконерите“ бараат крилен напаѓач за да формираат ударно трио со Влаховиќ и Киеза.

Заниоло одбива да го потпише нов договор со „волчицата“, па тоа ќе ја натера Рома сериозно да размисли да го продаде на лето.

Јувентус исто така има одлични односи со Сасуоло и може да започне преговори за една од ѕвездите на тимот.

Најтешка мисија е секако Мохамед Салах, кој можно е да го напушти Ливерпул на крајот на сезоната, но бара плата од 20 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…