Италијанскиот шампион Јувентус испратил официјална понуда до Рома за Николо Занило од 35 милиони евра, пренесуваат медиумите на Апенините.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека понудата била експресно одбиена, но „бјанконерите“ само сакале да го опипаат пулсот на „волчицата“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рома сака да ја задржи младата ѕвезда и му нуди нов договор, но доколку играчот сам инсистира на трансфер тогаш се спремни да го пуштат за сума од 70 милиони евра.
Јувентус во меѓувреме преговара со Адриен Рабио и Французинот е на чекор од Торино. Меѓутоа, не е јасно дали трансферот на Занило ќе зависи од трансферот на Рабио.
За Заниоло силен интерес покажува и Тотенхем, кој пак е спремен да понуди 50 милиони фунти за младиот Италијанец.