Дома Фудбал Италија „Јувентус изгледаше малку потресено по заминувањето на Роналдо“

„Јувентус изгледаше малку потресено по заминувањето на Роналдо“

На неколку дена пред почетокот на актуелната сеозна Кристиано Роналдо го напушти Јувентус.

Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед, а за неговото заминување сега зборуваше генералниот директор на „старата дама“, Маурицио Аривабене. Тој нагласи дека Јувентус изгледал малку потресено по заминувањето на Португалецот.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Сезоната за нас започна со заминувањето на важен играч, па така Јувентус изгледаше малку потресено. Кога играч како Роналдо ќе ве напушти, таквата ситуација е неизбежна. Сепак, сега мислам дека играчите чувствуваат поголема самодоверба и тргнаа во вистинска насока. Тимскиот дух е повеќе изразен“, изјави Аривабене.

На Јувентус сезонава баш и не му оди после 13 коло тимот се наоѓа на 8. место во Серија А со 21 освоен бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…