Дома Фудбал Италија Јувентус ги потврди лошите вести за Демирал

Јувентус ги потврди лошите вести за Демирал

Јувентус потврди дека Мерих Демирал ќе го пропушти следните шест до седум месеци после успешната операција на лигаментите на коленото.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Демирал тешко се повреди во дербито со Рома, а после операцијата Јувентус потврди дека Турчинот ќе паузира помеѓу шест и седум месеци.

Турскиот репрезентативец постигна гол за 1:0 во победата на „старата дама“, но подоцна се здоби со повреда, на тој натпревар се повреди и Николо Заниоло.

Демирал во последно го исфрли Матијас Де Лихт од стартниот тим, но сега ќе мора да се соочи со подолга пауза.

Покрај тоа што ја заврши сезоната во Јувентус, Турција би можела да остане без важен играч на Европското првенство кое се игра ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Овој Мундијал може да биде најефикасен досега, причина е топката!

Светското првенство во фудбал започна со 121 гол во првите 40 натпревари, што е скоро четв…