Дома Фудбал Струга му даде шест гола на Арсими, Радески блесна со хет-трик

Струга му даде шест гола на Арсими, Радески блесна со хет-трик

Струга ТЛ забележа убедлива победа од 6:0 против Арсими во натпреварот од осмото коло во Првата македонска фудбалска лига.

Главен актер на средбата беше Марјан Радески, кој постигна три гола и го предводеше својот тим до висок триумф. Со освоените три бода, Струга ТЛ стигна до 17 бодови и се искачи на второто место на табелата, два бода зад лидерот Шкендија и три пред третопласираниот Вардар.

Иако во првото полувреме беше постигнат гол, по интервенција на ВАР-системот тој беше поништен поради офсајд, па на пауза се замина без голови.

Гол-серијата започна во 57. минута, кога Радески го отвори резултатот. Десет минути подоцна истиот фудбалер повторно ја затресе мрежата за 2:0. Во меѓувреме, Арсими остана со десет играчи, откако Мислими во 62. минута заработи втор жолт картон и беше исклучен.

Стружани продолжија со нападите, а Алији во 69. минута зголеми на 3:0. Само шест минути подоцна Радески комплетираше хет-трик и донесе убедливи 4:0.

До крајот, Струга ТЛ постигна уште два гола преку Рочи и Шабани за конечни 6:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок на „Сан Сиро“: Ференцварош го турна Милан во европски проблеми

Лени Жозеф со два гола му донесе победа од 2-0 на Ференцварош, а Милан по четири кола во Л…