Дома Фудбал Мељичи: Сите знаеме која е Швајцарија

Мељичи: Сите знаеме која е Швајцарија

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги стартуваше подготовките за натпреварите од Лигата на нации. Пред првиот тренинг, пред медиумите се обрати Анес Мељичи од Шкендија, еден од четворицата фудбалери кои за првпат добија повик во сениорскиот национален тим.

Првиот предизвик за Македонија ќе биде исклучително тежок. На 26 октомври во Скопје гостува Швајцарија, репрезентација која Мељичи ја смета за еден од најквалитетните национални тимови на европската сцена.

„Привилегија е за мене што сум дел од овој тим, прво треба да мислиме на Швајцарија, сите знаеме за каква репрезентација станува збор и со Господ напред ќе се обидеме да дојдеме до позитивен резултат. Секако дека очекувам да бидам на теренот и во секоја минута која ќе бидам на теренот ќе го дадам максимумот“, порача дефанзивецот.

По натпреварот со Швајцарија во Скопје, македонските репрезентативци ќе отпатуваат за Љубљана, каде што ќе се соочат со Словенија. Потоа следува домашниот натпревар против Шкотска, а репрезентативниот прозорец ќе биде затворен со ново гостување кај Швајцарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Струга му даде шест гола на Арсими, Радески блесна со хет-трик

Струга ТЛ забележа убедлива победа од 6:0 против Арсими во натпреварот од осмото коло во П…