Дома Топ вести Јувентус во проблеми: Нема продажби, нема нови играчи!

Јувентус во проблеми: Нема продажби, нема нови играчи!

0

Од поодамна во Јувентус веројатно вака неровзни не го дочекале финишот на преодниот рок.

Ако почетокот за „старата дама“ беше одличен и ги доведеоа Рамзи и Рабио бесплатно и победија во трката за Де Лихт финишот носи проблеми. Многу играчи кои планираа да ги продадат и на кои им е кажано дека не се потребни се уште се во клубот и немаат намера да заминат.

Планот на Јувентус ова лето беше да се ослободи од Манџукиќ, еден од Дибала и Игуаин, а на нивно место да бидат доведени Икарди и (или) Киеза. На крајот мораа да го продаде Моисе Кин, а останаа останатите и тоа не им дозволува да ги реализираат трансферите на Киеза и Икарди. Најновата лоша вест за Јувентус е откажувањето на Баерн од Манџукиќ. Баварците покажуваа интерес, но вчера и дефинитивно соопштија дека Хрватот не им  потребен.

Кога во прашање е Игуаин, Јувентус се обидуваше да ги продаде на Рома, го бркаше од клубот, му го одзема бројот (деветката), но на крајот „Пипита“ ќе остане.  Игуаин повеќе не е оној стариот и со платата од девет милиони евра е големо оптеретување на клупскиот буџет.

Одбивањата на Игуаин и Манџукиќ да заминат наведуваа само на една опција – заминување на Дибала. Од опцијата за размена со Икарди нема да има ништо. Трансферот во Премиер лигата (Тотенхем или Јунајтед) пропадна, се споменува ПСЖ, но таму мора да се чека епилогот со Нејмар.

Нема најави за продажби на вишокот и во средниот ред. Кедира и Матуиди се означени од Сари како непотребни, меѓутоа засега се далеку од заминување – одбиваа понуди од Франција, МЛС лигата, Турција…Поради тоа Јувентус се обиде да го продаде Чан и го понуди на Баерн, сепак Баварците ја одбија таа можност.

Италијанскиот клуб со денови бара клуба и за Даниеле Ругани поради гужвата на стоперската позиција, тука проблем се условите кои ги поставува. На Јувентус му е важно да добие пари веднаш, Монако е единствениот кој сака ги исполни условите, а Ругани не сака во Кнежеството. Рома нуди позајмица со право на откуп, на Јувентус таква опција не му одговара.

Марко Пјаца и Матија Перин се уште подалеку од првиот тим, а и за нив засега нема најави дека можат некаде да завршат…

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Видео: Федерер и Надал направија шоу на Лајвер купот

Роџер Федерер и Рафаел Надал направија вистински шоу  на „Лајвер купот“ кој овој викенд се…